Литинг - Светлина во просторот, Lexan, Plexy, Лексан поликарбонатни плочи, Акрилни плочи Плекси, Звучни бариери, Метални панели за звучни бариери, Профили, гума и трака, Архитектонска подготовка и изведба

Производи

Lexan* полни поликарбонатни плочи

Lexan* полни поликарбонатни плочи

proizvodi

Lexan* полните поликарбонатни плочи им помагаат на купувачите ширум светот да произведат лесни, издржливи делови со одлични перформанси во секакви индустрии.

litingLexan* полни плочи

Lexan 9030

Плочите се без УВ заштита. Лесни за сечење, бушење и кроење употребувајќи обичен алат, без ризик од пукање или кршење, со што овие плочи се одличен кандидат за изработка на секаков вид на внатрешни апликации како што се машински штитови, стакла од продавници, витрини итн.
5-годишна ограничена гаранција.

litingLexan* 9030 плочи

Lexan Exell D

Погодни во различни градежни и архитектонски решенија. Поради одличните ладно-формирачки својства, се користат и во апликации како куполи, светлосни тунели...
10-годишна ограничена гаранција.

litingLexan* Exell D плочи

Lexan Margard

Висок степен на отпорност на ерозија и временски услови, со јак површински слој кој ја заштитува површината од гребење, хемикалии итн. Плочите се самогасиви и многу тешко запаливи, многу лесни и УВ заштитени од едната или двете страни.

Одличен кандидат за постаклување на места кои се ризични од вандализам. Го намалува ризикот од скапото повторно застаклување и овозможува постојано чистење и одстранување на графитите без никаква штета.

Адекватен материјал за звучни бариери на патиштата и безбедносни бариери на спортските стадиони и сали.
10-годишна ограничена гаранција.

litingLexan* Margard плочи