Друштвото за инженеринг и промет Литинг д.о.о.е.л. Скопје на подрачјето на Република Македонија е присутно 46 години во градежништвото, од кои 30 години како самостојно македонско претпријатие. Основна и примарна дејност е продажба и монтажа на големо на термопластични материјали, односно производи од акрилно стакло (Polymethyl Methacrylate, PMMA) и поликарбонат (Polycarbonates, PC), додека веќе 12 години сме присутни и на полето на звучната сообраќајна заштита на околината со провидни противзвучни бариери за патишта и железници.
Нашата компанија до 1991 година беше генерален претставник за акрилно стакло "PMMA" за фабриката "Lesna Industrija Litija" од Словенија.
Како самостојна македонска компанија работиме од 1991 година и сме генерални застапници и авторизирани дистрибутери на светските фабрики:
- SABIC Innovative Plastics од Холандија и Австрија;
- PERSPEX International од Велика Британија, ОК, Велика Британија;
- 3A Composites од Швајцарија и Германија;
- Akripol од Словенија
ДОБАВУВАЧИ
> Lexan* поликарбонатни плочи
sabic.com
> Perspex* акрилни плочи
perspex.com
> Impex*, Forex* пенести ПВЦ плочи, Hipex* полиестерски плочи
display.3acomposites.com
> Alux* светлосни куполи
akripol.si
СТРУЧЕН ТИМ
Нашиот стручен тим е со големо искуство во индустристријата и градежништвото со термопластични материјали, и сме стручни за проекти (монтажа) на објекти со застаклување и покривање, светлосни фасади, надстрешници, кровни светлосни траки и куполи, со електрични механизми за отворање, произведени од PMMA / PC, како и провидни безбедносни сообраќајни звучни бариери за патишта и железници, исто така произведени од PMMA / PC, дополнително со соодветни алуминиумски абсорбциони панели за звук.

Стандарди и гаранции


Имаме долгогодишно искуство и знаење за на територијата на нашата земја работиме под истите услови и стандарди на фабриките кои ги застапуваме, и во секое време да обезбедиме доволно материјали и потребни количини на производи. Поставивме високи критериуми и стандарди на модерен дизајн и производи, кои во композиција со вградените висококвалитетни материјали и сериозност во изработката, го прават крајниот производ незаменлив и траен. Производите секогаш се само од оригинален и директен светски реномиран производител.


ВАЖНО Е ДА ЗНАЕТЕ:. Повеќето од нашите производи се со обезбедена гаранција и атести.
ИЗВЕДБА
 

ИСТОРИЈАТ


Со долгогодишното присуство во градежништвото, нашиот стручен тим има изведено многу објекти ширум Македонија, Косово, Србија, Албанија, Русија и Узбекистан.

100%

100% Гаранција

Од 1975 година Литинг е преставништво за Македонија на фабриката Lesna Industrija Litija – Оддел за пластика, од Словенија.

Од 1991 година Литинг е приватно македонско претпријатие и е преставништво за Македонија на фабриките:
> General Electric – Plastics (The Netherlands) – Авторизиран дистрибутер;
> Галеника – Клирит (Serbia) – Генерален застапник (1991-2005);
> Barlo Plastics, Quinn Plastics, Polycasa (Belgium) – Авторизиран дистрибутер;
> Akripol (Slovenia) – Генерален застапник;
> Evonik (Rohm Degussa, Germany) – MMA, Мономер;
> ICI UK (Lucite International UK) – Авторизиран дистрибутер;
> Fracasso (Italy) – Сообраќајни панели.

Денес Литинг е застапник на следните производители:
> SABIC Innovative Plastics (The Netherlands & Austria);
> PERSPEX International (England, UK, GB);
> 3A Composites (Switzerland & Germany);
> Akripol (Slovenia).

100%

100% Сигурност

МАГАЦИН