Панели за звучни бариери и сигурносни одбојници

Провидните противзвучни сообраќајни бариери може да се постават на секакви локации во сообраќајот, за да обезбедат адекватна заштита од ветер, бучава и снег, што е особено важно каде сообраќајниот пат или железничката пруга, се наоѓа близу населените места. Со оваа провидна бариера се зголемува и безбедноста во сообраќајот, а се запазува и естетиката кон квалитетното живеење и функционирање. Тие можат да бидат од поликарбонат или акрил, зависно од безбедносните сообраќајни стандарди во земјата. Нашите провидни противзвучни бариери се карактеризираат со способноста да бидат во Z форма, која е исклучително погодна во одбивањето на звукот и во неговото спроведување надвор од сообраќајната делница.

Панели за звучни бариери
Дизајнирани да ја елиминираат бучавата од патниот и железничкиот сообраќај. Овие непробојни бариери на звук драстично ја намалуваат бучавата, што се должи на структурата на нивните метални панели, кои се перфорирани од предната страна и кој содржат непробоен материјал на звук внатре во панелот. Школката на металниот панел и дава на структурата непробојни својства за звук, додека високо густиот непробоен материјал на звук внатре ја апсорбира бучавата. Европски стандарди EN 1793-1 и EN 1794.

Сигурносни одбојници
Голем избор на конфигурации на сигурносни одбојници, развиени и тестирани со време, кои нудат квалитетни и целосни решенија за голем број европски земји. Европски стандард EN 1317.